Историјат на училиштето

Државното Музичко Училиште Тодор Скаловски – Тетоец се наоѓа во градот Тетово. Основано е во 1950 година. Својот назив го носи според познатиот македонски композитор, хорски и симфониски диригент Тодор Скаловски. По неговото основање во 1950 година името на школото гласеше Нижо Музичко Училиште. За прв директор на училиштето беше избран Спиро Гребенароски. Во тоа време наставата по пијано и солфеж ја водеше Урбано Андроли, виолина Гани Јахја и Анание Поповски, и директорот Спиро Гребенароски. Наставата започна на 01.03.1950 година.

Во учебната 1957/58 започнува да работи подготвителна паралелка во која се примаат 40 ученика со кои работи Татјана Емилјанова, наставник по солфеж и пијано.

Во 1962 година училиштето се затвора поради извесни недоразбирања. Неработењето на училиштето предизвика празнина која се чувствуваше во градот. По пет години на иницијатива на група граѓани се формира комисија за повторно организирање и отпочнување на наставата. Проблемите окулу огранизација на наставата продолжија. Училиштето продолжува со работа во објектот на Пионерскиот Дом на горниот кат и таму останува до 1980 година до пензионирање на тогашниот директор Андро Апостолски.


Повеќе инфо за отварањето на Училиштето во 1950 година.

70 ГОДИНИ МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

     Јубилејот на училиштето – 70 години од неговото постоење – претставува убава можност да се осврнеме на минатото и со гордост да се потсетиме на најзначајните датуми од неговото постоење. Тоа е обврска кон целата низа генерации кои го завршиле ова училиште, како и кон членовите на колективот кои ја облагородија средината во која работеа со својата посветеност и ентузијазам. Истовремено, ова навраќање треба да биде патоказ за следните генерации ученици и професори.

       Министерството за просвета на Народна Република Македонија на 6.јануари 1950 година испраќа согласност, по што веќе на 1. февруари 1950 година училиштето се формира со решение на Народниот одбор на општина Тетово а на предлог на Советот за просвета на НРМ. Со ова училиштето е меѓу првите музички училишта во Македонија.

  Наставата започнува на 1. март 1950 година во истиот објект во која се наоѓа и денес. 

  Училиштето, поради одредени недоразбирања со Општината, на крајот на  учебната 1961/62 година се затвара, на големо жалење на 178 ученици, колку што се запишани во истата учебна година. Наставниците и службениците се распоредуваат по основните училишта во градот и околината или во гимназијата.

   После пет години, на 6.ноември 1967 година, на иницијатива на група граѓани, во Собранието на општината се формира комисија за повотрно отварање на училиштето.  Иницијативниот  одбор го сочинуваат Андро Апостолски, Драги Алексоски, Муса Арифи, Драшко Ѓорѓески и Нешат Шаќири. Со нивно залагање, од 1. февруари 1968 година училиштето е повторно отворено и непрекинато работи до денес.  

  Училиштето од 1968 до 1980 година работи во истата зграда со тогашниот Пионерски дом, веднаш до тетовската гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, а од 1980 до денес, повторно е во објектот каде што првпат започна да работи.

  Од скромните почетоци, кога се изучуваше само виолина и пијано, денес се застапени сите видови инструменти: гудачки, дувачки и жичени инструменти и денес учениците имаат можност да изучуваат виола, виолончело, контрабас, флејта, кларинет, труба, хармоника, гитара, ударни инструменти, соло пеење. 

  Учениците редовно учествуваат на разни свечености и манифестации во градот. Училиштето секоја година организира Годишни концерти за пошироката публика, но до 1991 година на различни локации во градот. 

  На 8.Декември 1991 година, по повод празникот посветен на свети Климент, свечено е отворена новата Концертна сала во состав на училиштето. Денес, оваа сала, претставува своевиден центар за културата на градот бидејќи освен јавни часови и концерти на учениците од училиштето, се оддржуваат и други настани, како на пример: настапи на репродуктивни уметници, камерни состави и ансамбли од државата и странство, изложби, поетски манифестации, промоции на книги и слично. 

  Денот на свеченото пуштање во употреба на салата, 8. Декември, е земен за датум на кој оттогаш, секоја година, со свечен концерт, училиштето го обележува својот патронен празник. На свечениот концерт настапуваат учениците како солисти, хорот и оркестарот на училиштето.

   Од 2001 година училиштето се преименува и кон постоечкото име „Основно музичко училиште“ го додава името на композиторот академик Тодор Скаловски – Тетоец, основоположник на музичкиот живот во Македонија по Втората светска војна.

   Три години подоцна, со Решение бр. 11-4544/2 од 17. септември 2004 од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, во училиштето покрај основниот оддел, започнуваат да работат и паралелки за средно музичко образование и училиштето повторно се преименува во Државно музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“, име кое го носи и денеска. Школувањето во средниот оддел трае четири години и во секоја година има по две паралелки – по една на македонски и една на албански наставен јазик. Училиштето исто така има свое подрачно училиште во Струга со паралелки од средниот оддел. Бидејќи музиката е универзален јазик, музичкото училиште е пример на меѓуетничка интеракција, разбирање и интеграција и во досегашното седум децениско постоење, низ праксата,  има изградено свои механизми за комуникација и меѓусебно разбирање. 

  Учениците, покрај инструмент, изучуваат стручни и општообразовни предмети. 

  Училиштето е присутно на многу натпревари во земјата и надвор од неа. Со гордост  може да се пофали на освоени голем број награди и високи признанија добиени на натпревари по одделни инструменти, солфеж, стручни предмети како и виолинскиот и хармоникашкиот оркестар.

  Во досегашното постоење на училиштето, негови раководители се: Спиро Гребенароски, Андро Апостолски, Ивица Зориќ, Симона Зафировска, Јетон Пустина, Ираклис Георгиадис, Љупчо Перински и Новица Соколовски. 

  Во изминативе 70 години поминале многу професори по одделни инструменти. Сепак, кога ќе се спомене наставата по пијано не може, а да не се спомене Анче Бојаџиева, најзначајниот и највлијателниот педагог по пијано во севкупното постоење на училиштето.( За неа и нејзината педагошка работа, а по повод јубилејот на училиштето, издадена е монографија од авторот Соња Андонов.)

  Aко на почетокот училиштето ја започна наставата со три наставника, денес бројката е повеќепати надмината. Со тоа училиштето го оправда своето постоење затоа што од него излегуваат кадри кои ја продолжуваат основната мисија на училиштето, а тоа е  развивање љубов кон музиката. Љубовта кон музиката, ентузијазмот кон работата и посветеноста беа главните носечки сили на втемелувачите на оваа институција, како и на сите кои ја испишаа нејзината историја, па така нека биде и со генерациите кои доаѓаат, кои ќе ја продолжат мисијата и ќе ја надградуваат.    

     Почитуваними причинува големо задоволство што можам да ја споделам со вас гордоста на сите нас кои сме дел од колективот на Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од Тетово и да го честитам јубилејот со желби за натамошни успеси и уште поголеми јубилеи.

 70 VJETORI I SHKOLLËS SË MUZIKËS NË TETOVË

Viti Jubilar i shkollës -70 vjetori I ekzistimit të saj, pasqyron një mundësi të mirë që të kthehemi në të kaluarën dhe me krenari që të kujtohemi në datat e ekzistimit të saj. Ky është një obligim I një gjenerate të tërë që kanë mbaruar këtë shkollim, si edhe anëtarët e kolektivit që e bëjnë krenarë  mesin ku punojnë me entuziazmin dhe përkushtimin e tyre. Gjithashtu, ky rikthim duhet të jetë udhërrëfyes për gjeneratat e ardhshme të nxënësve dhe profesorëve.

Në shënimet e shkollës, drejtori i parë i shkollës, Spiro Grebenaroski, shkruhet se “Këshilli Kombëtar i Qytetit në Tetovë me nr. 27721, datë 10.12.1949 “informon se Këshilli Ekzekutiv i Bordit Kombëtar ka marrë një vendim për hapjen e një shkolle të ulët të muzikës në Tetovë”.

   Ministria e Arsimit e Republikës Popullore të Maqedonisë dërgoi një pëlqim më 6 janar 1950, pas së cilës më 1 shkurt 1950 shkolla u themelua me vendim të Bordit  Kombëtare të Komunës së Tetovës me propozim të Këshillit të Arsimit të RPM. Me këtë, shkolla është ndër shkollat ​​e para të muzikës në Maqedoni.

Shkolla fillon të punojë me 1 Mars 1950 në të njëjtin objekt në të cilin gjendet edhe sot. Mësimi fillon me 1 Mars të njëjtin vit, me rregjistrimin e 49 nxënësve, edhe atë 24 për piano dhe 25 për vilinë.  Për violin mësimin e mbanin Spiro Grebenarovski dhe Gani Jahja, kurse solfexh dhe pijano Urbano Androli. 

Së shpejti  numri i nxënësve të rregjistruar rritet gradualisht. Formohet korri, si dhe orkestri I violinave. Koncerti I parë për prindërit dhe qytetarët u mbajtë në sallën e SHF ,,Liria” në vitin 1953. 

 Shkolla, për shkak të keqkuptimeve të caktuara me Komunën, është mbyllur në fund të vitit shkollor 1961/62, për keqardhjen e madhe të 178 nxënësve, aq sa janë regjistruar në të njëjtin vit shkollor. 

Për Punonjësit mbetet të  kujdesen Sektori i Shërbimeve Sociale kurse me inventarin të dispononin të Këshilli Kombëtar të komunës, ndërsa mësuesit dhe punonjësit janë vendosur në shkollat ​​fillore të qytetit dhe zonës përreth ose në shkollën e mesme.

Pesë vjet më vonë, më 6 nëntor 1967, me iniciativën e një grupi qytetarësh, në Kuvendin Komunal u formua një komision për të rihapur shkollën. Bordi iniciativë përbëhet nga Andro Apostolski, Dragi Aleksoski, Musa Arifi, Drasko Gjorgjeski dhe Neshat Shaqiri. Me përpjekjet e tyre, që nga 1 Shkurt 1968, shkolla është rihapur dhe ka funksionuar vazhdimisht deri më sot.Andro Apostolski është emëruar drejtori i ri i cili gjithashtu jepte edhe mësim për violinë. 

  Nga viti 1968 deri në vitin 1980, shkolla punoi në të njëjtën ndërtesë me Shtëpinë e Pionierit të atëhershëm, pranë shkollës së mesme të Tetovës “Kiril Pejcinovic”, dhe nga viti 1980 e deri më sot, ajo është përsëri në ndërtesën ku filloi të punojë.

Nga fillimet modeste, kur mësohej vetëm violinë dhe piano, sot janë të pranishme të gjitha llojet e instrumenteve: instrumente me harqe, instrumentet me tela, dhe frymë dhe tela dhe sot nxënësit kanë mundësinë të mësojnë violë, violonçel, kontrabas, flautë, klarinetë, bori, fizarmonikë, kitarë, instrumente me  goditje. , solo këndim.

Nxënësit marrin pjesë rregullisht në festa dhe manifestime të ndryshme në qytet. Shkolla organizon koncerte vjetore për publikun e gjerë çdo vit. Deri në vitin 1991, koncertet vjetore të shkollës organizoheshin në sallën e kinemasë “19. Nëntori ”, në Sallën e Armatës së Republikës së Maqedonisë, si dhe në sallën e Qendrës Kulturore“ Iljo Anteski-Smok ”.

Më 8 dhjetor 1991, me rastin e festës kushtuar Shën Klementit, u hap zyrtarisht salla e re e Koncerteve në kuadër të shkollës. Sot, kjo sallë është një lloj qendre për kulturën e qytetit sepse përveç orëve publike dhe koncerteve të nxënësve nga shkolla, mbahen edhe ngjarje të tjera, siç janë: çfaqje nga artistë të ndryshëm, ansamble  nga  vendi dhe jashtë vendit, ekspozita, poezi manifestime, promovime librash dhe të ngjashme.

Dita e hapjes zyrtarisht të sallës, 8 Dhjetori, merret si datë në të cilën që atëherë, çdo vit, me një koncert solemn, shkolla feston ditën e patronatit të shkollës. Në koncertin festiv nxënësit  interpretojnë si solistë, kori dhe orkestri shkollës.

Që nga viti 2001, shkolla është riemërtuar nga emrin ekzistues “Shkolla fillore e Muzikës” e mer emrin e akademikut kompozitor Todor Skalovski – Tetoec, të themeluesit të jetës muzikore në Maqedoni pas Luftës së Dytë Botërore.

   Tre vjet më vonë, me Vendimin nr. 11-4544 / 2 nga 17 shtator 2004 nga Ministria e Arsimit dhe Shkencës e Republikës së Maqedonisë Veriore, në shkollë përveç shkollës fillore, fillon të punojë edhe arsimi i mesëm muzikor dhe shkolla përsëri riemërtohet   Shkolla Shtetërore e Muzikës “Todor Skalovski – Tetoec “, emër të cilin e mban edhe sot.

Arsimi në shkollën e mesme zgjat katër vjet dhe në çdo vit ka nga dy klasa – një në gjuhën maqedonase dhe një në gjuhën shqipe. Shkolla ka gjithashtu edhe paralelen e disperzuar në Strugë me nga dy klasa  në të dy gjuhë në shkollën e mesme. Meqenëse muzika është një gjuhë universale, shkolla e muzikës është një shembull i ndërveprimit, mirëkuptimit dhe integrimit ndëretnik, dhe në shtatë dekadat e ekzistencës së saj, përmes praktikës, ajo ka ndërtuar mekanizmat e vet për komunikim dhe mirëkuptim të ndërsjellë.

Nxënësit, përveç instrumentit, mësojnë edhe  lëndët profesionale dhe lëndët e përgjithshme.  Shkolla është e pranishme në shumë gara brenda dhe jashtë vendit. Mund të mburret me krenari se ka fituar çmime të shumta dhe mirënjohje të larta të marra në gara në instrumente individuale, solfezh, lëndë profesionale si dhe orkestrin e violinës dhe fizarmonikës.

Në ekzistencën aktuale të shkollës, drejtuesit e saj janë: Spiro Grebenaroski, Andro Apostolski, Ivica Zoric, Simona Zafirovska, Jeton Pustina, Iraklis Georgiadis, Ljupco Perinski dhe Novica Sokolovski.

Në 70 vitet e kaluara, shumë profesorë kanë kaluar në instrumente individualë. Sidoqoftë, kur përmenden mësimet e pianos, nuk mund të mos përmendet Ançe Bojaxhieva, mësuesja më e rëndësishme dhe me ndikim në klasën e pianos në ekzistencën e përgjithshme të shkollës. (Për punën pedagogjike, dhe për jubileun e shkollës, është botuar monografia nga autori Sonja Andonov.)

Nëse në fillim shkolla filloi mësimin me tre mësues, sot numri është tejkaluar disa herë. Me këtë, shkolla arsyetoi ekzistencën e saj sepse prodhon kuadra që vazhdon misionin themelor të shkollës, që është të zhvillojë dashurinë për muzikën. Dashuria për muzikën, entuziazmi për punë dhe përkushtimi ishin forcat kryesore shtytëse të themeluesve të këtij institucioni, si dhe të të gjithë atyre që shkruajnë historinë e tij, kështu qoftë edhe me brezat që do të vijnë, të cilët do të vazhdojnë misionin dhe do ta ngritin vlerësimin e saj.

Zonja dhe zotërinj, jam shumë i kënaqur që mund të ndaj me ju krenarinë e të gjithë neve që jemi pjesë e stafit të Shkollës Shtetërore të Muzikës “Todor Skalovski – Tetoec” nga Tetova dhe ta përgëzoj jubileun me dëshirë për suksese të mëtutjeshme dhe jubileje më të mëdhaja.